Гушкање запалено дрво

2013-05-19 Сите сме воспитувани да рециклираме хартија за да се спасат дрвјата. Добиваме безброј и-мејл предупредувања: „Ве молиме, водете сметка за животната средина пред печатењето“. Навистина, екологијата беше создадена со повик да се зачуваат шумите. Но, сега, во името на спасување на планетата од климатските промени, еколозите предлагаат огромна глобална кампања да се сечат и запалат дрвја и грмушки со цел да се намали употребата на фосилни горива. Иницијативата би можела да биде отфрлена како чудна иронија, ако не беа нејзините феноменални трошоци, кои опфаќаат можно уништување на биодиверзитетот, зголемено користење на водата и намалено глобално производство на храна. И тоа може да заврши со зголемување на глобалните емисии на СО2. (...) 

Download
21 May 2013

Published by

Utrinski

Category

Articles

Language